Скопје, 14. ноември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 2.667 тестирања, при што се регистрирани 285 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:
· Скопје 110
· Битола 30
· Прилеп 24
· Кочани 20
· Велес 17
· Куманово 16
· Тетово 10
· Кавадарци 9
· Гевгелија 8
· Неготино 7
· Ресен 5
· Штип, Охрид, Кичево и Свети Николе по 4
· Демир Хисар и Пехчево по 3
· Богданци 2
· Струмица, Делчево, Виница, Пробиштип и Кратово по 1
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 5 починати лица: по 2 починати лица од Скопје (72 и 91 години) и Велес (72 и 87 години) и едно починато лице од Берово (79 години). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, се пријавени три починати лица со датум на смрт од 22.10.2021 до 26.10.2021. Регистрирани се починати лица од Скопје (2) и Кочани (1), на возраст од 72-85 години, од кои едно лице е починато во домашни услови, а 2 лица се починати во болнички услови.
Регистрирани сe 328 оздравени пациенти од:
· Скопје 119
· Кавадараци 26
· Штип 25
· Битола 24
· Куманово 22
· Кочани 21
· Велес 18
· Неготино 12
· Прилеп и Берово по 8
· Делчево 7
· Гевгелија, Свети Николе, Виница и Пробиштип по 5
· Демир Хисар и Радовиш по 4
· Кичево 3
· Ресен и Охрид по 2
· Богданци, Кратово и Дојран по 1
Досега во земјата се направени вкупно 1.428.941 тестирања на Covid-19.
Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 209.277, бројот на оздравени пациенти е 193.400, на починати е 7.328, а бројот на активни случаи изнесува 8.549. (Крај)
извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство