мај 14, 2020

Скопје, 14. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Институтот за јавно здравје денес регистрира 6 оздравени пациенти, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

– Штип 1
– Велес 3
– Гостивар 1
– Кочани 1

Во текот на изминатите 24 часа направени се 349 тестирања, а потврдени се 29 нови случаи на COVID-19 и тоа во: Скопје 9, Куманово 1, Прилеп 6, Тетово 5, Струга 2, Велес 2, Битола 2 и Охрид-2. Досега во земјата се направени вкупно 20.088 тестирања на COVID-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.723, бројката на оздравени пациенти е 1.235, на починати е 95, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 393. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука