Охрид, 21. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Многу љубов и емоции синоќа на Антички театар во Охрид на настапот на охриѓанецот Ѓоко Танески кој прослави 30 години успешна музичка кариера.
„Најдоброто од Ѓоко Танески“ беше насловен концертот кој ќе биде еден од настаните кои ќе го одбележат Охрид ова лети. Охридскиот музичар на настапот го придружуваа „Камерениот Оркестар” од Битола, како и специјалните гости Драган Мијалковски и Николче Мицевски.
Бројната публика уживаше во неговите најголеми хитови: „Една љубов имам“, „Збогум најмила“, „Мој пријателе“, „Цветај расцветај“, „Јас ја имам силата“ и останатите големи хитови во кои ужива публиката изминативе три децении. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Ljupco Paunkoski
Прочитано: 71