30-ти декември во 2014 и во 2024 година: Снег тогаш наспроти денешното сонце (Фото)
декември 30, 2024

Охрид, 30. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Од архивата на OhridPress реобјавуваме стара фотографија, направена на денешен ден пред точно 10 години.

Охрид тогаш е под снежна покривка, а според тогашните објави, потешкотии имало и во снабдувањето со електрична енергија.

Охрид денес блескаше на декемвриското сонце, полн со гости кои се подготвуваат за утрешниот дочек на Новата 2025 година.

Утре не очекува сончево време со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Максималната температура во Охрид се очекува да се искачи до 10. степени. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука