Скопје, 7. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Денеска се потврдени 33 нови случаи на COVID-19 во земјава, со што вкупната бројка на дијагностицирани порасна на 1.572 лица. Оздравени се 22 пациенти, а почина едно лице, информира министерството за здравство.
Во изминатите 24 часа направени се 332 тестирања, а потврдените случаи се во: Скопје 11, Куманово 2, Штип 1, Прилеп 5, Тетово 2, Велес 9, Битола 2 и Крива Паланка 1.
Оздравените 22 пациенти се во: Скопје 2, Куманово 6, Штип 3, Прилеп 7, Тетово 1, Струга 1 и Кочани 2.
На пат кон Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина пациент од Велес на 70 годишна возраст, кој од 4 мај бил хоспитализиран на инфективното одделение во болницата во Велес, а поради влошување на состојбата бил препратен во Скопје.
Согласно ова вкупната бројка на COVID-19 дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.572, бројката на оздравени пациенти е 1.079, на починати е 89, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 404.
Направените 332 теста се преку: ИЈЗ 218, Ветеринарен факултет 17, Авицена 13, Биотек 22, Филип Втори (Жан Митрев) 19, Систина со PCR метода 23 и МАНУ 20. Досега во земјата се направени вкупно 18.168 тестирања на COVID-19.
Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се три пациенти, а вкупно хоспитализирани 44. На кислородна поддршка се 15, а на механичка вентилација четири пациенти. Во ГОБ „8 септември“ примени се осум нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 18. На респираторна машина е еден пациент, а уште двајца се со потешка клиничка слика. Во болницата во Битола се лекуваат четири пациенти, а на домашно лекување се следат три пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 6, а уште 1 пациент се следи на домашно лекување. На инфективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Охрид и Тетово се хоспитализирани 54 позитивни и суспектни на ковид-19. (Крај)
извор: Министерство за здравство фото: архива