декември 2, 2021

Скопје, 2. декември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 2.440 тестирања, при што се регистрирани 333 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:

• Скопје 154
• Битола и Прилеп по 23
• Кавадарци 22
• Куманово 16
• Охрид 15
• Штип 9
• Струмица 8
• Велес 7
• Тетово 6
• Делчево и Валандово по 5
• Крива Паланка, Ресен и Кратово по 4
• Кочани, Струга , Гевгелија и Неготино по 3
• Радовиш, Пробиштип, Богданци, Демир Хисар и Крушево по 2
• Гостивар, Кичево, Свети Николе, Виница, Македонска Каменица и Пехчево по 1

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 16 починати лица: 4 починати лица од Скопје (42, 54, 64 и 80 години), по 2 починати лица од Битола (33 и 86 години), Штип (62 и 78 години) и Кочани (55 и 82 години) по едно починато лице од Прилеп (74 години), Охрид (86 години), Велес (80 години), Крива Паланка (77 години), Богданци (58 години) и Демир Хисар (83 години). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, пријавено е едно починато лице со датум на смрт од 30.11.2021 година. Починатото лице е од Кавадарци, на возраст од 63 години, невакцинирано и починато во болнички услови.

Регистрирани сe 376 оздравени пациенти од:

• Скопје 135
• Битола 34
• Прилеп 31
• Кавадарци 22
• Кочани 18
• Велес 16
• Крива Паланка 14
• Куманово, Штип и Берово по 12
• Гевгелија 9
• Ресен 8
• Тетово и Струмица по 7
• Делчево 6
• Кичево, Кратово и Богданци по 5
• Виница и Пробиштип по 4
• Охрид, Валандово и Македонска Каменица по 2
• Свети Николе, Радовиш, Демир Хисар и Крушево по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.476.534 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 216.328, бројот на оздравени пациенти е 200.669, на починати е 7.609, а бројот на активни случаи изнесува 8.050. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука