октомври 9, 2021

Скопје, 9. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 4.926 тестирања, при што се регистрирани 344 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:

• Скопје 143
• Велес 33
• Куманово 27
• Штип 19
• Струмица 15
• Битола 13
• Прилеп и Кочани по 12
• Охрид 9
• Кавадарци 7
• Тетово, Крива Паланка и Кратово по 6
• Македонска Каменица 5
• Радовиш, Виница и Крушево по 4
• Гостивар, Струга и Гевгелија по 3
• Кичево, Пробиштип и Богданци по 2
• Неготино, Свети Николе, Берово и Демир Хисар по 1

Во текот на изминатите 24 часа починале 9 лица: 6 починати лица од Скопје (41, 57, 68, 79, 80 и 85 години), по едно починато лице од Кавадарци (87 години), Охрид (80 години) и Прилеп (86 години). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, пријавени се уште 9 починати лица, со датум на смрт од 07.09.2021 до 04.10.2021 година. Регистрирани се 5 лица од Скопје и по едно лице од Куманово, Тетово, Охрид и Штип на возраст од 40 до 94 години. Од пријавените лица, 6 се починати во болнички услови и 3 лица се починати во домашни услови.

Дополнително, при проверка во системот се пронајдени оздравени 3.645 постари случаи кои се прикажани со денешните резултати (од месец август, случаи кои биле хоспитализирани и испишани без да не информираат болниците, странци и лица без матични лекари). Скопје 1.583, Тетово 652, Гостивар 348, Куманово 304, Кичево 214, Прилеп 84, Охрид 76, Велес 61, Битола 48, Струга 41, Дебар 39, Струмица 31, Ресен 20, Македонски Брод, Делчево и Гевгелија по 16, Штип 13, Крушево и Радовиш по 12, Кочани 11, Кавадарци 10, Неготино 7, Македонска Каменица и Богданци по 6, Свети Николе 5, Демир Хисар и Виница по 4, Пробиштип 3, Берово 2, Крива Паланка 1.

Регистрирани сe 339 оздравени пациенти од:

• Скопје 168
• Куманово 28
• Велес 19
• Кавадарци 18
• Кочани 15
• Кичево 14
• Штип и Прилеп по 13
• Струмица 11
• Битола 6
• Охрид и Гевгелија по 5
• Берово и Неготино по 3
• Пехчево, Делчево, Гостивар и Струга по 2
• Радовиш, Виница, Ресен, Кратово, Свети Николе, Македонска Каменица, Богданци, Македонски Брод, Демир Хисар и Тетово по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.319.879 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 194.575 бројката на оздравени пациенти е 180.791, на починати е 6.817, а бројот на активни случаи изнесува 6.967. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука