Охрид, 16. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Навивачката група „Рибари“ од Охрид одбележува сериозен јубилеј, полни 35 години постоење, кои се слават под слоганот „35 години ИДЕНТИТЕТ.“
– Долго очекуваниот спектакл е пред нас. Собирот започнува во 13:00 часот кај Чинар, а кортеото започнува во 14:45 часот. Пиротехничкиот спектакл ќе биде во периодот помеѓу 15:00 и 16:00 часот, а на кејот се обележани коти на кои ќе се пали пирото. Најважно е да се слушаат инструкциите на луѓето кои ја водат групата. Од тука се упатуваме со кортео кон салата. На влез ќе се продаваат специјално дизајнирани карти по цена од 100 денари. Во сала ќе ги пратите исто надлежните на групата, кои ќе даваат инструкции за кореографијата. За крај на денот е организираната Рибарска вечер за која пријавените ќе бидат известени. Време е за настанот на годината, порачаа навивачите на нивната официјална страна на Facebook.
Додаваат дека е време сите генерации на Рибари, рамо до рамо, да застанат во рибарскиот коп, и да запееме сите заедно како никогаш до сега.
Во Спортскиот центар „Билјанини Извори“ вечерва гостува лидерот Алкалоид, кој ќе игра против домаѓната екипа на ГРК „Охрид“. Двата тима до сега имаат одиграно осум натпревари, а на само еден од нив славел Охрид, и тоа минатата сезона со четири гола разлика 26-30. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива