мај 20, 2020

Скопје/Охрид, 20. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Најмалку седуммина припадници на МВР се позитивни на коронавирусот, поради што, по препорака на здравствените власти, се затвора одморалиштето во Охрид каде што биле сместени.

Според извори од МВР, седумтемина полицајци за кои е потврдено дека се заразени се од Единицата за брзо распоредување (ЕБР) и тие биле испраќани како засилување на СВР Охрид.

По препорака на Институтот за јавно здравје, сите лица од одморалиштето во Охрид, меѓу кои има и припадници на Армијата, како и персоналот во објектот и припадниците на ЕБР, одат во самоизолација, објави „360 степени“, пренесе Фокус.

Четворица од седумтемина заразени полицајци присуствувале на прославата за Денот на полицијата, на 7 мај, како што објави вечерва и вицепремиерката Радмила Шекеринска. За оваа прослава, Владата бараше одговорност од министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, поради непостпување согласно со препораките на здравствените власти за избегнување масовни собири. Чулев пак ги отфрли ваквите обвинувања, истакнувајќи дека на прославата сите носеле заштитна опрема и држеле дистанца. (Крај)

извор: 360 степени/Фокус фото: Фокус

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука