Скопје/Охрид, 24. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Институтот за јавно здравје денеска регистрира 11 оздравени пациенти, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:
– Скопје 2
– Прилеп 7
– Велес 2
Во текот на изминатото деноноќие не се регистрирани починати пациенти како последица на COVID-19. Во последните 24 часа направени се 508 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на коронавирус.
– Скопје 12
– Куманово 8
– Штип 2
– Прилеп 2
– Тетово 7
– Струга 4
– Охрид 2
Вкупната бројка на COVID-19 дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.978, бројката на оздравени пациенти е 1.422, на починати е 113, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 443.
Досега во земјата се направени вкупно 25.270 тестирања на COVID-19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 188 теста се во рамките на скринингот. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Велес, Кочани, Куманово и Скопје во градинки и геронтолошки установи. Денеска со скринингот е потврден еден позитивен случај кај вработен во геронтолошка установа во Скопје. Досега со скринингот се направени 2.248 тестирања на COVID-19, а регистрирани се три позитивни случаи. (Крај)
извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство