јули 3, 2017

Охрид, 3. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Нов силен земјотрес со јачина од 3,7 степени ги вознемири Охриѓани.

Потресот беше почувствуван утрово во 03:54 часот во регионот на Охрид, Струга и Ресен, а епицентарот бил на 6 километри северозападно од Ресен на длабочина од 10 километри.

Изминативе денови поширокиот регион на Охрид беше погоден од над 800 земјотреси од кои најсилниот беше вчера со магнитуда од 4.1 степени по Рихтер.

До овој момент потресите, освен вознемиреност и блага паника кај граѓаните, предизвикаа само помали оштетувања на стари објекти. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука