Скопје, 11. октомври 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 1.648 тестирања, при што се регистрирани 383 нови случаи на COVID-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:
– Скопје 201
– Куманово 11
– Штип 21
– Прилеп 20
– Тетово 8
– Струга 5
– Велес 9
– Битола 12
– Охрид 4
– Кавадарци 7
– Гостивар 6
– Гевгелија 8
– Струмица 20
– Крива Паланка 6
– Радовиш 7
– Кочани 7
– Пробиштип 3
– Берово 5
– Валандово 4
– Виница 1
– Делчево 4
– Свети Николе 5
– Кичево 4
– Ресен 2
– Неготино 3
Во болнички услови починати се 7 лица, пациенти од Куманово (63 години), Тетово (69 години), Гевгелија (67 години), Скопје (51 години), Кавадарци (60 години) и двајца пациенти од Битола (60 и 79 години).
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 95 оздравени пациенти од:
– Скопје 43
– Куманово 6
– Штип 3
– Тетово 10
– Битола 2
– Охрид 2
– Кавадарци 1
– Гевгелија 3
– Струмица 1
– Крива Паланка 3
– Радовиш 4
– Кочани 8
– Берово 2
– Валандово 3
– Свети Николе 2
– Кичево 2
Досега во земјата се направени вкупно 207.891 тестирања на COVID-19. Нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на COVID-19 дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 20.937, бројката на оздравени пациенти е 16.194, на починати е 792, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.951. (Крај)
извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство