Скопје, 16. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 3.595 тестирања, при што се регистрирани 395 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:
• Скопје 177
• Куманово 35
• Велес 31
• Штип 21
• Кавадарци 19
• Прилеп 17
• Охрид и Кочани по 12
• Битола 11
• Струмица 10
• Гевгелија 7
• Тетово 6
• Кичево 5
• Кратово 4
• Гостивар, Свети Николе, Радовиш, Ресен, Крива Паланка, Валандово и Богданци по 3
• Пробиштип 2
• Струга, Крушево, Демир Хисар, Македонска Каменица и Дојран по 1
Во текот на изминатите 24 часа починале 14 лица: 6 починати лица од Скопје (85, 85, 80, 75, 72 и 68 години), 2 починати лица од Велес (71 и 66 години) и по едно починато лице од Битола (22 години), Македонски Брод (75 години), Радовиш (67 години), Куманово (90 години) и Струмица (66 години). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, пријавени се уште 7 починати лица, со датум на смрт од 05.09.2021 до 10.10.2021 година. Регистрирани се тројца починати лица од Скопје, два починати лица од Тетово и по едно починато лице од Крива Паланка и Прилеп, на возраст од 58 до 88 години. Од пријавените лица 4 се починати во болнички услови, а 3 во домашни услови.
Регистрирани сe 245 оздравени пациенти од:
• Скопје 121
• Велес 22
• Куманово 21
• Штип 15
• Кавадарци 10
• Струмица 8
• Прилеп 7
• Кочани 5
• Битола, Дебар и Виница по 4
• Тетово и Кичево по 3
• Гевгелија, Кратово, Радовиш, Ресен, Богданци и Пробиштип по 2
• Охрид, Гостивар, Крива Паланка, Неготино, Делчево и Македонски Брод по 1
Досега во земјата се направени вкупно 1.339.824 тестирања на Covid-19.
Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 196.762 бројката на оздравени пациенти е 183.027, на починати е 6.922, а бројот на активни случаи изнесува 6.813. (Крај)
извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство