Скопје, 5. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 3.337 тестирања, при што се регистрирани 399 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:
• Скопје 197
• Куманово 49
• Тетово 15
• Кочани 14
• Битола 13
• Кавадарци 11
• Велес и Крива Паланка по 10
• Струмица 8
• Штип, Кичево, Гевгелија и Кратово по 6
• Ресен, Радовиш, Пробиштип и Валандово по 5
• Прилеп 4
• Гостивар, Охрид, Богданци и Македонска Каменица по 3
• Неготино, Свети Николе и Виница по 2
• Струга, Дебар, Берово, Македонски Брод, Демир Хисар и Пехчево по 1
Во текот на изминатите 24 часа починале 17 лица: 8 починати лица од Скопје (59, 65, 68, 70, 72, 80, 83 и 86 години), 4 починати лица од Куманово (64, 69, 71 и 79 години) и по едно починато лице од Охрид (93 години), Радовиш (72 години), Струмица (87 години), Битола (90 години) и Гостивар (63 години). Од пријавените починати лица 16 се починати во болнички услови, а едно лице е починато во домашни услови.
Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, пријавени се уште 4 починати лица, со датум на смрт од 24.09.2021 до 30.09.2021 година. Починатите лица се по едно лице од Скопје, Тетово, Велес и Охрид, на возраст од 63 до 81 години. Од пријавените лица 3 се починати во болнички услови а едно лице е починато во домашни услови.
Регистрирани сe 1.348 оздравени пациенти од:
• Скопје 419
• Струга 196
• Охрид 144
• Куманово 87
• Тетово 71
• Кичево 45
• Струмица 43
• Гостивар и Дебар по 42
• Велес 41
• Прилеп 37
• Кавадарци 34
• Битола 26
• Штип и Свети Николе по 16
• Ресен 14
• Радовиш 13
• Кочани и Гевгелија по 11
• Виница 8
• Кратово и Делчево по 6
• Валандово 5
• Пробиштип и Неготино по 3
• Берово и Демир Хисар по 2
• Крива Паланка, Македонска Каменица, Македонски Брод, Крушево и Демир Капија по 1
Досега во земјата се направени вкупно 1.305.039 тестирања на Covid-19. Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 193.052 бројката на оздравени пациенти е 175.496, на починати е 6.740, а бројот на активни случаи изнесува 10.816. (Крај)
извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство