октомври 24, 2020

Скопје, 24. октомври 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 1.524 тестирања, при што се регистрирани 404 нови случаи на COVID-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:

– Скопје 172
– Куманово 15
– Дебар 4
– Штип 8
– Прилеп 25
– Тетово 41
– Струга 4
– Велес 6
– Битола 4
– Охрид 11
– Кавадарци 5
– Гостивар 20
– Гевгелија 9
– Струмица 29
– Крива Паланка 2
– Кочани 18
– Пробиштип 3
– Берово 6
– Виница 2
– Делчево 4
– Свети Николе 2
– Кичево 3
– Ресен 2
– Неготино 9

Починати се 14 лица, пациенти од Прилеп (77 години), Куманово (76 и 66 години), Крива Паланка (65 години), Скопје (80 години), Гевгелија (51 години), Кочани (83 години), Струга (66 години), Битола (68 години), Ресен (52 и 83 години), Виница (67 години), Берово (67 години) и Тетово (59 години). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 182 оздравени пациенти од:
– Скопје 107
– Куманово 4
– Штип 9
– Прилеп 10
– Тетово 11
– Струга 4
– Битола 3
– Охрид 1
– Гостивар 1
– Гевгелија 5
– Струмица 4
– Радовиш 6
– Кочани 6
– Пробиштип 1
– Македоснки Брод 1
– Пехчево 2
– Валандово 3
– Свети Николе 1
– Кичево 3

Досега во земјата се направени вкупно 233.137 тестирања на COVID-19.

Вкупната бројка на COVID-19 дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 26.394, бројката на оздравени пациенти е 18.430, на починати е 897, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 7.067. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука