Скопје, 6. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 3.149 тестирања, при што се регистрирани 406 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:
• Скопје 184
• Куманово 31
• Штип 23
• Велес 19
• Битола 17
• Кавадарци 13
• Свети Николе и Крива Паланка по 12
• Прилеп и Гевгелија по 11
• Кочани 10
• Струмица 9
• Кратово 7
• Тетово, Охрид и Струга по 6
• Виница 5
• Демир Хисар 4,
• Гостивар, Неготино, Радовиш и Македонска Каменица по 3
• Делчево и Пробиштип по 2
• Кичево, Ресен, Дебар и Валандово по 1
Во текот на изминатите 24 часа починале 12 лица: 6 починати лица од Скопје (63, 71, 72, 75, 81 и 85 години), 2 починати лица од Битола (63 и 80 години) и по едно починато лице од Штип (69 години), Кратово (71 години), Струмица (57 години) и Охрид (55 години). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, пријавени се уште 6 починати лица, со датум на смрт од 08.09.2021 до 03.10.2021 година. Починатите лица се 4 лица од Скопје и по едно лице од Тетово и Струмица, на возраст од 59 до 89 години. Од пријавените лица, 4 се починати во болнички услови, а две лица се починати во домашни услови.
Регистрирани сe 387 оздравени пациенти од:
• Скопје 223
• Охрид 48
• Куманово 23
• Струга 13
• Кавадарци и Струмица по 11
• Битола 10
• Радовиш 6
• Крива Паланка и Тетово по 5
• Велес, Гевгелија и Кичево по 4
• Штип и Гостивар по 3
• Прилеп, Кочани, Неготино и Македонска Каменица по 2
• Свети Николе, Виница, Делчево, Пробиштип, Ресен и Македонски Брод по 1
Досега во земјата се направени вкупно 1.308.188 тестирања на Covid-19.
Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 193.458 бројката на оздравени пациенти е 175.881, на починати е 6.758, а бројот на активни случаи изнесува 10.819. (Крај)
извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство