Скопје, 15. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 3.025 тестирања, при што се регистрирани 413 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:
• Скопје 205
• Куманово 37
• Велес 20
• Прилеп 19
• Битола 15
• Штип 14
• Кавадарци 12
• Пробиштип 9
• Тетово, Охрид и Гевгелија по 8
• Кичево и Кочани по 7
• Струмица 6
• Свети Николе, Крива Паланка и Делчево по 5
• Македонска Каменица 4
• Струга, Неготино, Радовиш и Кратово по 3
• Богданци и Демир Хисар по 2
• Гостивар, Берово и Пехчево по 1
Во текот на изминатите 24 часа починале 9 лица: 4 починати лица од Скопје (74, 73, 72 и 28 години), 2 починати лица од Велес (86 и 74 години) и по едно починато лице од Кавадарци (65 години), Пробиштип (55 години) и Штип (71 години). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, пријавени се уште 4 починати лица, со датум на смрт од 06.10.2021 до 09.10.2021 година. Регистрирани се по едно починато лице од Куманово, Струмица, Кичево и Гостивар, на возраст од 57 до 84 години. Од пријавените лица 2 се починати во болнички услови, а 2 во домашни услови.
Регистрирани сe 309 оздравени пациенти од:
• Скопје 137
• Куманово 27
• Штип 20
• Битола 14
• Кавадарци, Кочани и Свети Николе по 12
• Велес 11
• Тетово 9
• Прилеп 8
• Крива Паланка 7
• Охрид 6
• Виница 5
• Гевгелија и Струмица по 4
• Струга, Неготино, Кратово, Ресен и Валандово по 3
• Демир Хисар и Крушево по 2
• Пробиштип и Радовиш по 1
Досега во земјата се направени вкупно 1.336.229 тестирања на Covid-19.
Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 196.376 бројката на оздравени пациенти е 182.782, на починати е 6.901, а бројот на активни случаи изнесува 6.693. (Крај)
извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство