октомври 29, 2021

Скопје, 29. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 2.964 тестирања, при што се регистрирани 417 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:

• Скопје 155
• Прилеп 31
• Куманово и Велес по 26
• Кавадарци 24
• Битола и Штип по 17
• Крива Паланка 14
• Кочани 13
• Тетово 11
• Охрид и Пробиштип по 10
• Радовиш 7
• Свети Николе, Делчево и Кратово по 6
• Гевгелија, Ресен, Берово и Демир Хисар по 5
• Струмица, Кичево, Неготино, Виница и Македонска Каменица по 3
• Пехчево 2
• Крушево 1

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 9 починати лица: по 2 починати лица од Скопје (60 и 64 години) и Кочани (45 и 64 години) и по едно починато лице од Куманово (75 години), Тетово (79 години), Штип (66 години), Битола (82 години) и Крива Паланка (38 години). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, пријавено е едно починато лице со датум на смрт од 24.10.2021 година, од Скопје на возраст од 84 години, починат во болнички услови.

Регистрирани сe 329 оздравени пациенти од:

• Скопје 151
• Куманово 35
• Велес и Штип по 15
• Кавадарци 14
• Кочани 12
• Битола 11
• Прилеп 10
• Струмица 9
• Гевгелија 8
• Свети Николе 7
• Неготино, Берово и Пробиштип по 5
• Тетово, Кичево и Крива Паланка по 4
• Кратово 3
• Гостивар, Валандово, Богданци, Крушево и Пехчево по 2
• Радовиш и Демир Хисар по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.378.530 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 201.708, бројот на оздравени пациенти е 188.024, на починати е 7.108, а бројот на активни случаи изнесува 6.576. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука