октомври 14, 2021

Скопје, 14. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 2.900 тестирања, при што се регистрирани 421 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:

• Скопје 211
• Куманово 32
• Штип 26
• Велес 25
• Кавадарци 19
• Кочани 15
• Прилеп 13
• Охрид 12
• Македонска Каменица 9
• Гевгелија 7
• Струмица, Кичево и Крива Паланка по 6
• Свети Николе 5
• Гостивар 4
• Битола, Радовиш, Берово, Виница и Демир Хисар по 3
• Кратово и Богданци по 2
• Тетово, Неготино, Ресен, Пробиштип, Валандово и Крушево по 1

Во текот на изминатите 24 часа починале 8 лица: 3 од Скопје (86, 74 и 69 години) и по едно починато лице од Кратово (88 години), Велес (75 години), Виница (66 години), Куманово (64 години) и Охрид (61 години) Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, пријавени се уште 5 починати лица, со датум на смрт од 06.09.2021 до 28.09.2021 година. Регистрирани се 3 починати лица од Скопје и по едно починато лице од Гевгелија и Битола, на возраст од 67 до 94 години. Од пријавените лица 2 се починати во болнички услови, а 3 во домашни услови.

Регистрирани сe 395 оздравени пациенти од:

• Скопје 220
• Куманово 31
• Струмица 20
• Охрид и Тетово по 14
• Кочани 12
• Битола 10
• Штип, Велес и Кавадарци по 9
• Кратово 7
• Кичево 6
• Гевгелија и Крива Паланка по 5
• Гостивар и Пробиштип по 4
• Прилеп и Богданци по 3
• Неготино и Пехчево по 2
• Берово, Демир Хисар, Ресен, Валандово, Струга и Македонски Брод по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.333.204 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 195.963 бројката на оздравени пациенти е 182.473, на починати е 6.888, а бројот на активни случаи изнесува 6.602. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука