Скопје, 27. ноември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 3.447 тестирања, при што се регистрирани 436 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:
• Скопје 218
• Битола 40
• Прилеп 25
• Кавадарци 22
• Велес 16
• Куманово 15
• Тетово и Кочани по 14
• Штип 13
• Делчево 12
• Охрид 9
• Струмица и Берово по 7
• Ресен 6
• Крива Паланка 5
• Неготино, Виница и Македонска Каменица по 4
• Кичево, Гевгелија, Валандово, Богданци, Демир Хисар и Крушево по 3
• Радовиш, Пробиштип и Кратово по 2
• Струга, Свети Николе, Македонски Брод и Дојран по 1
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 15 починати лица: 7 починати лица од Скопје (44, 54, 61, 67, 71, 73 и 94 години), по 2 починати лица од Кавадарци (37 и 72 години) и Радовиш (51 и 79 години), по едно починато лице од Кратово (93 години), Куманово (92 години), Прилеп (82 години) и Крива Паланка (78 години). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, се пријавени 2 починати лица со датум на смрт од 20.11.2021 до 24.11.2021 година. Регистрираните починати лица се од Кочани (1) и Струга (1). Починатите лица се на возраст од 74 и 77 години. Двете лица се починати во болнички услови.
Регистрирани сe 336 оздравени пациенти од:
• Скопје 142
• Битола 29
• Прилеп 25
• Велес 20
• Штип и Струмица по 18
• Кавадарци 15
• Кочани 13
• Куманово 11
• Берово 8
• Неготино и Гевгелија по 6
• Валандово 5
• Делчево, Ресен, Кратово и Гостивар по 3
• Виница и демир Хисар по 2
• Македонска Каменица, Кичево, Радовиш и Пехчево по 1
Досега во земјата се направени вкупно 1.465.204 тестирања на Covid-19.
Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 214.676, бројот на оздравени пациенти е 198.755, на починати е 7.528, а бројот на активни случаи изнесува 8.393. (Крај)
извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство