Скопје, 28. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 2.732 тестирања, при што се регистрирани 436 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:
• Скопје 203
• Битола 24
• Куманово и Кавадарци по 22
• Велес и Штип по 21
• Прилеп 19
• Кочани 16
• Тетово 12
• Пробиштип 9
• Охрид 8
• Неготино и Свети Николе по 6
• Кичево, Крива Паланка и Делчево по 5
• Струмица и Берово по 4
• Гевгелија, Кратово и Дојран по 3
• Гостивар, Радовиш, Ресен, Виница, Валандово и Демир Хисар по 2
• Струга, Крушево и Македонска Каменица по 1
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 7 починати лица: 3 починати лица од Скопје (66, 69 и 86 години) и по едно починато лице од Кавадарци (79 години), Охрид (76 години), Демир Хисар (17 години) и Штип (73 години). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, се пријавени 4 починати лица со датум на смрт од 01.09.2021 година до 22.10.2021 година. Регистрирани се 2 починати лица од Гостивар по едно починато лице од Кочани и Кичево на возраст од 55 до 86 години, од кои 2 се починати во болнички услови а 2 во домашни услови.
Регистрирани сe 321 оздравени пациент од:
• Скопје 145
• Куманово 32
• Штип и Прилеп по 20
• Велес 17
• Кочани 14
• Кавадарци 12
• Битола 9
• Крива Паланка 8
• Струмица 6
• Кичево и Гевгелија по 5
• Тетово и Кратово по 4
• Пробиштип 3
• Свети Николе, Гостивар, Ресен, Виница, Крушево, Дебар и Богданци по 2
• Радовиш, Валандово и Демир Хисар по 1
Досега во земјата се направени вкупно 1.375.566 тестирања на Covid-19.
Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 201.292, бројот на оздравени пациенти е 187.695, на починати е 7.098, а бројот на активни случаи изнесува 6.499. (Крај)
извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство