Скопје, 29. септември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 3.425 тестирања, при што се регистрирани 454 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:
• Скопје 209
• Куманово 45
• Штип 22
• Кавадарци 17
• Прилеп 16
• Велес 15
• Битола 13
• Крива Паланка 12
• Охрид и Струмица по 11
• Кичево 10
• Кочани, Свети Николе и Кратово по 9
• Тетово и Гевгелија по 7
• Ресен 5
• Виница и Валандово по 4
• Неготино, Радовиш и Македонска Каменица по 3
• Гостивар, Струга, Дебар и Демир Хисар по 2
• Берово и Крушево по 1
Во текот на изминатите 24 часа починале 9 лица: 5 починати лица од Скопје (84, 79, 66, 62 и 57 години), 2 починати лица од Куманово (63 и 30 години) и по едно починато лице од Гостивар (64 години) и Кавадарци (80 години). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, пријавени се уште 7 починати лица, со датум на смрт од 03.09.2021 до 27.09.2021 година. Починатите лица се по 2 починати лица од Скопје и Струмица и по едно починато лице од Куманово, Кичево и Кавадарци, на возраст од 56 до 81 години. Од пријавените лица 2 се починати во домашни услови, а 5 лица се починати во болнички услови.
Регистрирани сe 308 оздравени пациенти од:
• Скопје 208
• Струмица 17
• Тетово 10
• Велес и Битола по 8
• Прилеп и Кочани по 7
• Штип 6
• Дебар 4
• Крива Паланка, Кичево, Свети Николе, Гостивар и Пробиштип по 3
• Кавадарци, Кратово, Гевгелија, Неготино, Радовиш, Делчево и Демир Капија по 2
• Виница, Валандово, Македонска Каменица и Богданци по 1
Досега во земјата се направени вкупно 1.286.091 тестирања на Covid-19.
Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 190.915 бројката на оздравени пациенти е 172.179, на починати е 6.646, а бројот на активни случаи изнесува 12.090. (Крај)
извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство