Скопје/Охрид, 30. јануари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓанец на возраст од 46 години е првата жртва на британскиот вид на корона вирус.
Министерот за здравство Венко Филипче ја потврдил веста за „Фокус”. Додава дека кај пациентот постоел ризик фактор – обезност.
Случајот е од четврти јануари, кога кога бил потврден позитивен тест кај заболениот. Исто така, регистриран е уште еден случај на новиот тип на корона вирус кај пациент од Скопје, кој се излекувал пред четири дена. Неговиот случај е од 18-ти јануари. (Крај)
извор: Фокус фото: архива
Прочитано: 21