Скопје, 19. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 3.431 тестирања, при што се регистрирани 472 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:
• Скопје 222
• Куманово 47
• Прилеп 30
• Велес 23
• Битола 22
• Кавадарци и Кочани по 16
• Штип 15
• Гевгелија 9
• Тетово, Охрид и Крива Паланка по 8
• Кичево 7
• Ресен 6
• Делчево и Виница по 4
• Гостивар, Струмица, Радовиш, Берово и Пробиштип по 3
• Неготино, Свети Николе и Дебар по 2
• Валандово, Кратово, Богданци, Крушево, Демир Хисар и Македонска Каменица по 1
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 8 починати лица: 5 починати лица од Скопје (86, 77, 77, 68 и 43 години), 2 починати лица од Кочани (85 и 68 години) и едно починато лице од Виница (47 години). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, пријавени се уште 6 починати лица, со датум на смрт од 18.09.2021 до 12.10.2021 година. Регистрирани се двe починати лица од Скопје, и по едно починато лице од Тетово, Крива Паланка, Куманово и Кавадарци, на возраст од 51 до 80 години. Од пријавените лица 4 се починати во болнички услови, а 2 во домашни услови.
Регистрирани сe 498 оздравени пациенти од:
• Скопје 255
• Куманово 58
• Велес 28
• Охрид 19
• Струмица 18
• Прилеп 17
• Битола 15
• Кавадарци и Штип по 14
• Струга 9
• Кичево 7
• Крива Паланка 5
• Тетово, Кочани, Гевгелија, Неготино и Радовиш по 4
• Свети Николе, Кратово и Македонска Каменица по 3
• Ресен, Делчево и Пробиштип по 2
• Виница, Богданци, Демир Хисар и Македонски Брод по 1
Досега во земјата се направени вкупно 1.347.969 тестирања на Covid-19.
Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 197.669 бројката на оздравени пациенти е 183.972, на починати е 6.978, а бројот на активни случаи изнесува 6.719. (Крај)
извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство