ноември 23, 2021

Скопје, 23. ноември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 2.869 тестирања, при што се регистрирани 490 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:

• Скопје 209
• Битола 42
• Прилеп 33
• Кавадарци 30
• Велес 18
• Куманово 17
• Ресен 16
• Берово 14
• Кочани 12
• Гевгелија и Делчево по 10
• Тетово и Штип по 8
• Струмица и Крива Паланка по 7
• Радовиш 6
• Кичево и Богданци по5
• Валандово, Кратово, Македонска Каменица и Пехчево по 4
• Охрид, Свети Николе и Неготино по 3
• Струга и Виница по 2
• Гостивар, Пробиштип, Крушево и Македонски Брод по 1

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 9 починати лица: По 3 починати лица од Скопје (85, 75 и 41 години) и Штип (91, 86 и 78 години), 2 починати лица од Куманово (88 и 76 години) и едно починато лице од Берово (75 години). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, се пријавени 6 починати лица со датум на смрт од 25.10.2021 до 20.11.2021 година. Регистрирани се починати лица од Куманово (1), Велес (1), Штип (1), Струмица (1), Свети Николе (1) и Демир Хисар (1). Починатите лица се на возраст од 89-61 години, од кои 5 лица се починати во домашни услови, а 1 лице во болнички услови.

Регистрирани сe 484 оздравени пациенти од:

• Скопје 233
• Битола 37
• Куманово 28
• Кочани 22
• Велес и Гевгелија по 19
• Кавадарци 18
• Штип 17
• Охрид 15
• Тетово 11
• Струмица и Пробиштип по 9
• Кичево 8
• Неготино 7
• Каратово 6
• Свети Николе 5
• Радовиш 4
• Ресен и Богданци по 3
• Струга и Демир Хисар по 2
• Прилеп, Крива Паланка, Валандово, Гостивар, Дебар, Демир Капија и Дојран по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.453.084 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 212.865, бројот на оздравени пациенти е 197.120, на починати е 7.464, а бројот на активни случаи изнесува 8.281. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука