септември 22, 2021

Скопје, 22. септември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 3.747 тестирања, при што се регистрирани 491 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:

• Скопје 232
• Куманово 41
• Штип 26
• Велес 20
• Битола 19
• Охрид 17
• Кавадарци 16
• Прилеп 15
• Струмица 14
• Свети Николе и Кратово по 10
• Кочани и Радовиш по 8
• Гостивар и Кичево по 7
• Гевгелија и Валандово по 6
• Струга и Берово по 5
• Ресен 4
• Тетово и Пробиштип по 3
• Крива Паланка, Виница и Демир Хисар по 2
• Неготино, Делчево и Македонски Брод по 1

Починале 16 лица: 8 починати лица од Скопје (88, 82, 82, 76, 72, 72, 71 и 64 години), 3 починати лица од Куманово (80, 71 и 65 години) и по едно починато лице од Струмица (71 години), Тетово (61 години), Охрид (85 години), Штип (86 години) и Берово (45 години). Сите пријавени лица се починати во болнички услови. Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од Мој Термин, пријавени се уште 6 лица, со датум на смрт во период од 14.09.2021 до 20.09.2021 година. Овие починати лица се: по 2 од Скопје и Штип и по едно починато лице од Струга и Кичево. Починатите се на возраст од 54-83 години, од кои 3 лица починале во болнички услови, додека 3 лица се починати во домашни услови.

Регистрирани сe 416 оздравени пациенти од:

• Скопје 214
• Струмица 70
• Куманово 23
• Тетово 16
• Штип 12
• Кочани и Кичево по 10
• Гостивар 9
• Битола 8
• Велес и Кавадарци по 7
• Прилеп и Свети Николе по 5
• Крива Паланка и Богданци по 3
• Охрид, Кратово, Радовиш и Пробиштип по 2
• Гевгелија, Валандово, Ресен, Македонски Брод, Македонска Каменица и Дојран по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.261.880 тестирање на Covid-19. Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 188.113 бројката на оздравени пациенти е 169.116, на починати е 6.511, а бројот на активни случаи изнесува 12.486. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука