мај 29, 2020

Скопје, 29. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа направени се 661 тестирање, а регистрирани се 52 нови случаи на COVID-19 и тоа во: Скопје 26, Куманово 6, Штип 7, Тетово 9, Струга 2, Велес 1 и Кочани 1.

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 30 оздравени пациенти во: Скопје 16, Тетово 10, Велес 1, Охрид 2 и Кратово 1.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти, пациент од Скопје (73 години), примен на клиниката на 21 мај и пациент од Велес (82 години) хоспитализиран на 22-ри мај. Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Скопје (76 години) примена на 21-ви мај и пациентка од Тетово (55 години) примена на 27-ми мај.

Вкупната бројка на COVID-19 дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2.129, бројката на оздравени пациенти е 1.516, на починати е 126, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 487.

Image may contain: text

Направените 661 теста се преку: ИЈЗ 289, Авицена 39, Биотек 44, Филип Втори (Жан Митрев) 61, Систина со PCR метода 116 и МАНУ 112. Досега во земјата се направени вкупно 27.684 тестирања на COVID-19.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 124 теста се во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи.Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје Teтово, Велес, Куманово и Скопје, регистрирани се два позитивни случаи во градинка во Скопје и во Куманово.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 примен е 1 пациент, хоспитализирани се вкупно 43 пациенти. На кислородна поддршка се 17, на механичка вентилација е 1 пациент. Во ГОБ „8 септември“ примени се 6 нови, а вкупно хоспитализирани 28 пациенти. На респиратор се 6, a со потешка клиничка слика се уште 7 пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 6 пациенти, а на домашно лекување се следат уште 3 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 11, а на домашно лекување се следат 11 пациенти. На ифективните одделенија во Велес, Куманово, Прилеп се хоспитализирани 30 пациенти – позитивни и сомнителни на COVID-19. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука