ноември 16, 2021

Скопје, 16. ноември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 3.126 тестирања, при што се регистрирани 524 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:

· Скопје 215
· Битола 44
· Кавадарци 27
· Куманово и Крива Паланка по 24
· Прилеп, Велес и Кочани по 21
· Берово 15
· Делчево 14
· Тетово 13
· Гевгелија 10
· Неготино 9
· Кратово 8
· Штип и Демир Хисар по 6
· Охрид, Радовиш, Виница и Валандово по 5
· Кичево, Ресен и Богданци по 4
· Гостивар и Струга по 3
· Струмица и Пехчево по 2
· Свети Николе, Демир Капија, Македонска Каменица и Дојран по 1

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 9 починати лица: 3 починати лица од Крива Паланка (67, 73 и 81 години), 2 лица од Скопје (71 и 77 години) и по едно починато лице од Битола (75 години), Кочани (78 години), Пробиштип (66 години) и Тетово (67 години). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, се пријавени 8 починати лица со датум на смрт од 24.10.2021 до 13.11.2021 година. Регистрирани се починати лица од Скопје (2), Велес (2), Гевгелија (1), Крива Паланка (1), Кочани (1) и Тетово (1). Починатите лица се на возраст од 66-94 години, од кои 5 лица се починати во домашни услови, а 3 лица се починати во болнички услови.

Регистриран e 565 оздравени пациенти од:

· Скопје 245
· Прилеп 43
· Битола 34
· Куманово 32
· Кавадараци 28
· Тетово 26
· Штип 22
· Велес 19
· Гевгелија 16
· Кочани 15
· Крива Паланка 11
· Струмица 8
· Гостивар и Пробиштип по 7
· Охрид, Кичево и Ресен по 6
· Дојран 5
· Берово, Делчево и Виница по 4
· Неготино, Струга и Свети Николе по 3
· Кратово и Радовиш по 2
· Валандово, Богданци, Пехчево и Македонски Брод по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.433.550 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 209.971, бројот на оздравени пациенти е 194.346, на починати е 7.354, а бројот на активни случаи изнесува 8.271. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука