септември 24, 2021

Скопје, 24. септември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 3.858 тестирања, при што се регистрирани 525 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:

• Скопје 268
• Куманово 40
• Струмица 27
• Штип 25
• Битола 23
• Охрид 17
• Велес и Свети Николе по 16
• Кавадарци 15
• Кичево 14
• Прилеп и Кочани по 10
• Крива Паланка 9
• Гевгелија 6
• Струга 5
• Тетово и Радовиш по 4
• Неготино 3
• Гостивар, Берово, Валандово и Кратово по 2
• Ресен, Виница, Пробиштип, Демир Хисар и Демир Капија по 1

Во текот на изминатите 24 часа починале 12 лица: 3 починати лица од Скопје (82, 83 и 87 години), по 2 починати лица од Куманово (75 и 65 години) и Тетово (69 и 38 години) и по едно починато лице од Прилеп (81 години), Демир Хисар (71 години), Кичево (70 години), Штип (69 години) и Делчево (60 години). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од Мој Термин, пријавени се уште 6 лица, со датум на смрт во период од 22.08.2021 до 19.09.2021 година. Овие починати лица се: по 2 од Тетово и Куманово, и по едно починато лице од Кичево и Гостивар. Починатите се на возраст од 56-84 години, од кои само едно лице е починато во болнички услови, додека останатите 5 лица се починати во домашни услови.

Регистрирани сe 449 оздравени пациенти од:

• Скопје 246
• Куманово 30
• Струмица 28
• Штип 20
• Кавадарци 14
• Кичево 13
• Гостивар 12
• Велес и Свети Николе по 10
• Битола и Кочани по 9
• Прилеп, Тетово и Радовиш по 7
• Крива Паланка, Гевгелија и Ресен по 5
• Богданци 4
• Кратово и Виница по 2
• Неготино, Демир Хисар, Крушево и Македонски Брод по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.269.370 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 189.159 бројката на оздравени пациенти е 170.395, на починати е 6.557, а бројот на активни случаи изнесува 12.207. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука