Скопје, 23. септември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 3.632 тестирања, при што се регистрирани 526 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:
• Скопје 245
• Куманово 43
• Велес 22
• Прилеп и Охрид по 19
• Штип 18
• Кавадарци 17
• Струмица 16
• Крива Паланка 15
• Битола 12
• Тетово 11
• Гостивар и Кочани по 10
• Кичево и Гевгелија по 9
• Свети Николе 8
• Виница и Валандово по 6
• Струга и Ресен по 5
• Кратово 4
• Радовиш, Берово и Пробиштип по 3
• Делчево и Демир Хисар по 2
• Неготино, Дебар, Демир Капија и Македонска Каменица по 1
Во текот на изминатите 24 часа починале 14 лица: 9 починати лица од Скопје (83, 83, 77, 76, 74, 63, 57, 51 и 42 години), 2 починати лица од Куманово (63 и 60 години) и по едно починато лице од Велес (75 години), Кратово (42 години) и Кичево (42 години). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, пријавени се уште 14 лица, со датум на смрт во период од 02.09.2021 до 17.09.2021 година. Овие починати лица се: 4 од Скопје, 2 од Струмица и по едно починато лице од Берово, Кочани, Гостивар, Радовиш, Куманово, Тетово, Охрид и Гевгелија. Починатите се на возраст од 37-92 години, од кои 7 лица починале во болнички услови, додека останатите 7 лица се починати во домашни услови.
Регистрирани сe 830 оздравени пациенти од:
• Скопје 250
• Струга 186
• Охрид 103
• Струмица 91
• Куманово 28
• Тетово 22
• Кичево 18
• Кавадарци 17
• Велес, Штип и Битола по 12
• Кочани 10
• Прилеп и Гостивар по 9
• Гевгелија, Свети Николе, Валандово и Берово по 6
• Кратово и Дебар по 5
• Ресен, Радовиш, Пробиштип, Делчево, Неготино, Македонска Каменица и Пехчево по 2
• Крива Паланка, Виница и Богданци по 1
Досега во земјата се направени вкупно 1.265.512 тестирање на Covid-19.
Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 188.635 бројката на оздравени пациенти е 169.946, на починати е 6.539, а бројот на активни случаи изнесува 12.150. (Крај)
извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство