септември 18, 2021

Скопје, 18. септември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 5.589 тестирања, при што се регистрирани 539 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:

• Скопје 274
• Куманово 52
• Кавадарци 25
• Велес 17
• Прилеп 15
• Битола и Штиппо 14
• Кочани 13
• Тетово 12
• Охрид 11
• Гостивар 8
• Струмица, Кичево и Радовиш 7
• Струга, Ресен, Крива Паланка, Пробиштип и Валандово по 6
• Неготино 5
• Гевгелија и Демир Хисар по 4
• Делечево, Виница и Кратово по 3
• Свети Николе, Дебар, Богданци и Македонски Брод по 2
• Берово, Пехчево и Македонска Каменица по 1

Пријавени се 41 починато лице: 23 починати лица од Скопје (84, 82, 81, 79, 78, 77, 75, 73, 71, 68, 68, 66, 64, 62, 62, 62, 60, 56, 52, 47, 31, 23 и 18 години), 4 починати лица од Тетово (82, 81, 76 и 69 години), по 3 починати лица од Куманово (71, 69 и 66 години) и Кичево (84, 81 и 63 години), по едно починато лице од Прилеп (66 години), Гостивар (83 години), Битола (72 години), Струмица (75 години), Охрид (78 години), Струга (45 години), Кавадарци (79 години) и Дебар (54 години). Од пријавените 41 лице, 36 се починати во болнички услови, а 5 лица се починати во домашни услови.

Регистрирани сe 245 оздравени пациенти од:

• Скопје 176
• Куманово 19
• Струмица и Ресен по 8
• Кавадрци 6
• Прилеп и Битола по 5
• Кичево 4
• Штип 3
• Велес, Тетово и Гостивар по 2
• Кочани, Радовиш, Пробиштип, Демир Хисар и Свети Николе по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.248.079 тестирање на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 186.549 бројката на оздравени пациенти е 166.851, на починати е 6.437, а бројот на активни случаи изнесува 13.261. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука