јануари 9, 2021

Скопје, 9. јануари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 2.953 тестирања, при што се регистрирани 556 нови случаи на COVID-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:

-Скопје 270
-Куманово 24
-Штип 17
-Прилеп 17
-Тетово 17
-Струга 6
-Велес 23
-Битола 10
-Охрид 12
-Кавадарци 21
-Гостивар 17
-Гевгелија 6
-Струмица 22
-Крива Паланка 13
-Радовиш 10
-Кочани 14
-Пробиштип 1
-Македонски Брод 4
-Пехчево 6
-Берово 12
-Валандово 1
-Виница 2
-Делчево 4
-Кратово 5
-Свети Николе 3
-Кичево 12
-Ресен 1
-Неготино 6

Починати се 22 лица, десет пацинети од Скопје (84, 83, 60, 71, 66, 57, 77, 76, 80 и 74 години), еден од Куманово (77 години), еден од Дебар (68 години), еден од Штип (81 години), еден од Битола (69 години), двајца пациенти од Охрид (47 и 76 години), еден од Кавадарци (48 години), двајца од Гостивар (79 и 64 години), двајца од Крива Паланка (81 и 79 години) и еден пациент од Кичево (63 години). Од нив пет пациенти се починати вон, останатите се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 404 оздравени пациенти од:

-Скопје 204
-Куманово 18
-Штип 9
-Прилеп 33
-Велес 16
-Битола 8
-Охрид 1
-Кавадарци 30
-Гостивар 12
-Гевгелија 11
-Струмица 15
-Крива Паланка 6
-Радовиш 11
-Кочани 4
-Пробиштип 1
-Македонски Брод 1
-Валандово 2
-Виница 1
-Свети Николе 4
-Кичево 6
-Ресен 2
-Неготино 9

Досега во земјата се направени вкупно 414.757 тестирања на COVID-19.

Вкупната бројка на COVID-19 дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 86.150, бројката на оздравени пациенти е 67.164, на починати е 2.614, а бројот на активни случаи изнесува 16.372. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука