Скопје, 25. октомври 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 1.901 тестирања, при што се регистрирани 561 нови случаи на COVID-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:
– Скопје 271
– Куманово 29
– Дебар 2
– Штип 19
– Прилеп 33
– Тетово 26
– Струга 3
– Велес 20
– Битола 17
– Охрид 11
– Кавадарци 18
– Гостивар 10
– Гевгелија 15
– Струмица 32
– Крива Паланка 3
– Радовиш 2
– Крушево 1
– Кочани 12
– Пробиштип 4
– Демир Хисар 1
– Македонски Брод 2
– Берово 8
– Виница 1
– Делчево 1
– Кратово 3
– Свети Николе 5
– Кичево 6
– Ресен 2
– Неготино 4
Починати се 22 лица, 7 пациенти од Скопје (55, 78, 71, 35, 66, 71 и 64 години), еден од Куманово (57 години), двајца пациенти од Дебар (58 и 64 години), еден од Прилеп (61 години), еден од Струга (75 години), двајца пациенти од Велес (61 и 64 години ), двајца од Битола (74 и 70 години), двајца од Гостивар (79 и 76 години), двајца пациенти од Крива Паланка (56 и 88 години), еден од Кочани (60 години) и еден пациент од Делчево (81 години). Од починатите, двајца пациенти се починати вон, останатите во болнички услови.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 197 оздравени пациенти од:
-Скопје 91
-Куманово 7
-Штип 8
-Прилеп 18
-Тетово 13
-Струга 4
-Велес 3
-Битола 4
-Охрид 3
-Гостивар 3
-Гевгелија 4
-Струмица 16
-Радовиш 2
-Кочани 9
-Демир Хисар 1
-Македонски Брод 1
-Валандово 2
-Свети Николе 4
-Кичево 4
Досега во земјата се направени вкупно 235.038 тестирања на COVID-19.
Вкупната бројка на COVID-19 дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 26.954, бројката на оздравени пациенти е 18.627, на починати е 919, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 7.408. (Крај)
извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство