Скопје, 17. септември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 4.384 тестирања, при што се регистрирани 561 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:
• Скопје 249
• Куманово 49
• Струмица 40
• Охрид 30
• Штип 25
• Тетово 23
• Прилеп 18
• Кавадарци 16
• Битола 14
• Велес 12
• Кичево 10
• Гостивар 9
• Радовиш 8
• Кочани 7
• Струга и Свети Николе по 6
• Ресен и Дебар по 5
• Гевгелија, Берово, Виница и Македонска Каменица по 4
• Неготино 3
• Крива Паланка, Делчево, Валандово и Кратово по 2
• Пробиштип и Богданци по 1
Пријавени се 29 починати лица: 13 починати лица од Скопје (88, 76, 70, 70, 69, 68, 67, 66, 56, 54, 53, 40 и 2 години), 3 починати лица од Куманово (84, 69 и 39 години), по 2 починати лица од Тетово (69 и 68 години), Струмица (76 и 68 години) и Охрид (88 и 67 години), по едно починато лице од Гостивар (71 години), Кичево (62 години), Дебар (60 години), Кратово (72 години), Радовиш (67 години), Крива Паланка (69 години) и Ресен (72 години). Од пријавените 29 лица, 27 се починати во болнички услови, а 2 лица се починати во домашни услови.
Дополнителна информација за починатото 2-годишно дете:
Дете родено со конгенитални малформации, со дијагнози бактериска сепса кај новородено, Хоспитализирано и оперирано во повеќе наврати на клиниките за детски болести, детска хирургија и неврохирургија од конгенитални интестинални (цревни) малформации, компликации перфорација на црево, перитонит,некротизирачки ентероколит, ресекција на јејунум, интракранијална хеморагија, аплициран вентрикуло-преитонеален шант. При последниот прием на клиниката за детска хирургија поради малнутриција и дехидрација, поради ковид протоколите е тестирано и е со COVID-19 позитивен резултат. Поради компликации настaпува exitus letallis.
Регистрирани сe 507 оздравени пациенти од:
• Скопје 201
• Тетово 39
• Гостивар 37
• Куманово 33
• Струмица 25
• Штип и Кичево по 18
• Прилеп и Дебар по 16
• Кавадарци 15
• Свети Николе 13
• Велес 12
• Кратово 10
• Битола 9
• Радовиш и Берово по 8
• Кочани 6
• Виница и Крива Паланка 4
• Ресен, Валандово и Пробиштип по 3
• Гевгелија и Неготино по 2
• Делчево и Богданци по 1
Досега во земјата се направени вкупно 1.242.490 тестирање на Covid-19.
Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 186.010 бројката на оздравени пациенти е 166.606, на починати е 6.396, а бројот на активни случаи изнесува 13.008. (Крај)
извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство