ноември 5, 2021

Скопје, 5. ноември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 3.257 тестирања, при што се регистрирани 606 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:

• Скопје 238
• Битола 63
• Кочани 30
• Кавадарци 29
• Куманово и Прилеп по 28
• Штип22
• Велес 20
• Гевгелија 19
• Тетово 15
• Неготино 12
• Кичево 11
• Охрид 10
• Крива Паланка 9
• Свети Николе, Берово, Делчево, Пробиштип и Демир Хисар по 7
• Гостивар, Радовиш и Кратово по 6
• Виница 5
• Струмица 4
• Струга 3
• Ресен и Македонска Каменица по 2
• Валандово, Богданци и Македонски Брод по 1

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 7 починати лица: 5 починати лица од Скопје (69, 71, 79, 81 и 82 години) и 2 лица од Велес (68 и 69 години). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, се пријавени три починати лица со датум на смрт од 20.08.2021 до 04.11.2021 година. Регистрирани се починати лица од Скопје (1), Куманово (1) и Гостивар (1) на возраст од 72 до 83 години, од кои сите 3 се починати во домашни услови.

Регистрирани сe 320 оздравени пациент од:

• Скопје 157
• Куманово 31
• Крива Паланка 19
• Штип 13
• Прилеп и Тетово по 12
• Кочани и Струмица по 11
• Битола 9
• Пробиштип 7
• Берово 6
• Делчево 5
• Гевгелија, Демир Хисар, Ресен и Валандово по 3
• Велес, Кичево, Радовиш и Македонска Каменица по 2
• Кавадарци, Свети Николе, Гостивар, Кратово, Виница, Богданци и Пехчево по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.400.249 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 205.022, бројот на оздравени пациенти е 190.266, на починати е 7.204, а бројот на активни случаи изнесува 7.552. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука