Скопје, 31. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа направени се 771 тестирања, а регистрирани 62 нови случаи на COVID-19.По градови:
– Скопје 24
– Куманово 2
– Штип 14
– Тетово 12
– Струга 4
– Велес 1
– Гостивар 3
– Кочани 1
– Валандово 1
Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Струга (60 години) примен во болницата на 22-ри мај. Евидентиран е пациент од Гостивар (64 години) примен и починат во болницата во Гостивар на 29-ти мај, за кој тестот покажа позитивен резултат.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 17 оздравени пациенти
– Скопје 5
– Куманово 1
– Тетово 9
– Битола 1
– Гостивар 1
Досега во земјата се направени вкупно 29.575 тестирања на COVID-19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 221 теста се во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Тетово, Битола, Прилеп и Скопје, и нема позитивен случај од скринингот. Досега во рамките на скринингот се направени 3.723 тестирања, а потврдени се вкупно 6 позитивни случаи на COVID-19.
Вкупната бројка на COVID дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2.226, бројката на оздравени пациенти е 1.552, на починати е 133, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 541. (Крај)
извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство