Скопје, 8. јануари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа направени се 6.531 тестирања, при што се регистрирани 632 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:
• Скопје 470
• Охрид 35
• Прилеп 25
• Кавадарци и Штип по 17
• Струмица 14
• Велес 10
• Гевгелија 9
• Кичево 5
• Неготино 4
• Куманово 3
• Тетово, Битола, Гостивар, Струга, Крива Паланка, Дебар, Валандово и Богданци по 2
• Кочани, Свети Николе, Ресен, Радовиш, Делчево, Виница и Пробиштип по 1
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 7 починати лица: по 2 починати лица од Скопје (68 и 76 години) и Битола (40 и 75 години) и по едно починато лице од Прилеп (67 години), Охрид (72 години) и Крушево (74 години). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, пријавени се 4 лица, по едно лице од Прилеп, Кратово, Дебар и Гостивар, починати во период од 20.12.2021 до 05.01.2022 година. Починатите се на возраст од 69 години до 87 години. Од пријавените 2 лица се починати во болнички услови и 2 во домашни услови.
Регистрирани сe 248 оздравени пациенти од:
• Скопје 142
• Битола 22
• Кавадарци 13
• Охрид 10
• Прилеп 7
• Куманово 6
• Штип, Струмица, Велес и Гевгелија по 5
• Валандово, Ресен и Македонски Брод по 4
• Тетово, Богданци и Берово по 3
• Дојран 2
• Кичево, Неготино, Струга, Кочани и Делчево по 1
Досега во земјата се направени вкупно 1.648.399 тестирања на Covid-19.
Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 232.068, бројот на оздравени пациенти е 214.506, на починати е 8.023, а бројот на активни случаи изнесува 9.539. (Крај)
извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство