Скопје, 5. октомври 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа, направени се 695 тестови, при што се регистрирани 65 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:
• Скопје 47
• Битола 4
• Кавадарци 3
• Тетово, Велес и Кичево по 2
• Куманово, Охрид, Штип, Гевгелија и Берово по 1
Од вкупниот број на позитивни (65), регистрирани се 14 реинфекции.
Регистрирани сe 61 оздравен пациент од:
• Скопје 45
• Битола 5
• Охрид и Прилеп по 3
• Кавадарци, Тетово, Куманово, Штип и Струмица по 1
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е едно починато лице од Кавадарци (77 години), истото е починато во болнички услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, регистрирани се две починати лица од Скопје (86 години) и Битола (65 години), починати во периодот од 15-ти до 28-ми септември 2022 година. Едно од лицата е починато во домашни и едно во болнички услови.
Досега во земјата се направени вкупно 2.165.557 тестирања на Covid-19.
Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.208, бројот на оздравени пациенти е 333.219, на починати е 9.542, а бројот на активни случаи изнесува 447. (Крај)
извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство