Скопје, 20. февруари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа направени се 3.974 тестирања, при што се регистрирани 668 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:
• Скопје 340
• Битола 43
• Куманово и Струмица по 33
• Охрид 30
• Прилеп 23
• Тетово 22
• Кавадарци, Велес, Штип и Кичево по 15
• Гевгелија 11
• Струга и Богданци по 9
• Гостивар, Неготино и Свети Николе по 8
• Ресен и Дебар по 5
• Кочани, Крива Паланка и Демир Капија по 3
• Радовиш, Делчево и Македонски Брод по 2
• Берово, Валандово, Виница, Кратово, Крушево и Демир Хисар по 1
Од вкупниот број на позитивни (668), регистрирани се 81 реинфекции. Од вкупниот број на починати лица, кај 7 лица се регистрирани коморбидитети. Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 7 починати лица: 3 починати лица од Прилеп (80, 80 и 81 години), 2 починати лица од Скопје (78 и 82 години) и по едно починато лице од Куманово (75 години) и Струга (60 години). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Регистрирани сe 887 оздравени пациенти од:
• Скопје 621
• Битола 39
• Куманово 36
• Кавадарци 32
• Велес 31
• Неготино 19
• Гевгелија 13
• Тетово и Кичево по 11
• Прилеп и Гостивар по 10
• Ресен 8
• Штип 5
• Охрид, Богданци, Свети Николе, Кочани, Крива Паланка и Демир Капија по 4
• Струмица, Радовиш, Делчево и Пробиштип по 3
• Берово 2
• Струга, Македонски Брод и Валандово по 1
Досега во земјата се направени вкупно 1.870.093 тестирања на Covid-19.
Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 293.328, бројот на оздравени пациенти е 276.835, на починати е 8.898 а бројот на активни случаи изнесува 7.595. (Крај)
извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство