Скопје, 23. февруари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа направени се 3.156 тестирања, при што се регистрирани 674 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:
• Скопје 352
• Битола 44
• Велес 33
• Прилеп 31
• Кавадарци 27
• Куманово 22
• Гевгелија 21
• Кичево 17
• Струмица 16
• Тетово и Гостивар по 12
• Охрид 11
• Неготино 10
• Ресен 9
• Радовиш 8
• Штип 6
• Кочани, Струга, Свети Николе , Валандово и Крушево по 5
• Македонски Брод и Демир Капија по 3
• Крива Паланка, Делчево, Берово, Дебар и Богданци по 2
• Кратово и Демир Хисар по 1
Од вкупниот број на позитивни (674), регистрирани се 98 реинфекции. Од вкупниот број на починати лица, кај 20 лице се регистрирани коморбидитети. Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 12 починати лица: 5 починати лица од Скопје (55, 66, 74, 74 и 78 години), 2 починати лица од Тетово (69 и 78 години) и по едно починато лице од Прилеп (88 години), Охрид (88 години), Струга (75 години), Битола (85 години) и Кочани (74 години). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, дополнително се пријавени 9 починати лица од: Скопје (2), Крива Паланка (3), Битола (1), Тетово (1), Струга (1) и Пробиштип (1). Починатите лица се на возраст од 48 до 92 години. Лицата за починати се пријавени во период од 31.01. до 20.02.2022 година. Од починатите лица, 5 се починати во домашни услови, а 4 лица во болнички услови.
Регистриран сe 978 оздравени пациенти од:
• Скопје 569
• Велес 53
• Куманово 49
• Битола 47
• Кавадарци 39
• Прилеп 33
• Тетово 26
• Гостивар, Струмица и Гевгелија по 19
• Неготино 18
• Кичево 17
• Радовиш 12
• Дебар 9
• Кочани и Ресен по 8
• Штип 7
• Охрид 5
• Кратово 4
• Свети Николе и Крива Паланка по 3
• Валандово, Богданци, Демир Хисар и Македонски Брод по 2
• Виница, Демир Капија и Дојран по 1
Досега во земјата се направени вкупно 1.878.073 тестирања на Covid-19.
Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 295.082, бројот на оздравени пациенти е 280.675, на починати е 8.958 а бројот на активни случаи изнесува 5.449. (Крај)
извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство