ноември 9, 2021

Скопје, 9. ноември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 3.317 тестирања, при што се регистрирани 677 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:

· Скопје 279
· Битола 86
· Прилеп 34
· Куманово 30
· Кавадарци 28
· Велес 25
· Кочани 22
· Делчево 21
· Тетово 18
· Гевгелија 13
· Крива Паланка и Радовиш по 12
· Ресен и Берово по 10
· Демир Хисар 9
· Кичево и Неготино по 8
· Гостивар и Кратово по 7
· Штип 6, Свети Николе, Виница и Пробиштип по 5
· Охрид, Валандово, Богданци и Крушево по 3
· Струга и Македонска Каменица по 2
· Струмица 1

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 13 починати лица: 5 починати лица од Скопје (61, 70, 74, 80 и 86 години), и по едно починато лице од Кочани (83 години), Битола (79 години), Куманово (76 години), Прилеп (87 години), Велес (77 години), Пробиштип (73 години), Демир Хисар (47 години) и Кавадарци (66 години). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Регистрирани сe 517 оздравени пациент од:

· Скопје 237
· Куманово 36
· Прилеп 30
· Битола 21
· Велес 20
· Штип 18
· Тетово и Охрид по 17
· Кочани 16
· Кавадарци 15
· Берово 14
· Гевгелија 10
· Крива Паланка 9
· Кичево 8
· Радовиш и Неготино по 7
· Струмица 6
· Валандово 5
· Ресен 4
· Свети Николе, Виница, Пробиштип, Струга и Македонска Каменица по 3
· Демир Хисар 2
· Делчево, Гостивар и Дојран по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.412.395 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 206.910, бројот на оздравени пациенти е 191.649, на починати е 7.255, а бројот на активни случаи изнесува 8.006. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука