Струга, 30. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Шумскиот пожар, кој од вчера попладне се ширеше во планинскиот превој меѓу струшките села Делогожда и Поум е ставен под контрола.
Со одлука на Владата, од утринава, во гаснењето на пожарот беа вклучени специјалните авиони – канадери, на Дирекцијата за безбедност и спасување
Од Територијалната противпожарна единица во Струга, информираа дека огнената стихија зафатила околу 30 хектари шума. Населените места не се загрозени. Материјалната штета допрва ќе се пресметува.
Покрај струшката, во гаснењето на пожарот ангажирани беа и противпожарните единици од Охрид и Дебар, на Дирекцијата за заштита и спасување, општината и локалното население, како и вработени од јавното претпријатие „Јабланица“. (Крај)
извор: Макфакс фото: архива