Струга, 3. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – 22 годишниот Јетон А. од гостиварското село Градец е момчето кое се удави денеска во водите на Охридското езеро, кај Машка плажа во Струга.
– Тој околу 12 часот, влегол со педалинка во езерските води, заедно со уште едно лице и се оддалечил од брегот, а потоа скокнал од педалинката со цел да се капи и плива. Во следниот момент, започнал да бара помош, а потоа почнал да тоне. Безживотното тело било извадено 12:50 часот, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Телото на младото момче се наоѓало на дното на езерото, на околу три метри длабочина и на оддалеченост од околу четиристотини метри од езерскиот брег. Го пронашле и извлекле спасувачки екипи од Црвениот Крст – Струга.
На безживотното тело не се забележани траги на насилство. Увид на местото на настанот извршија јавен обвинител и полициски екипи. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива