јануари 24, 2022

Скопје, 24. јануари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа направени се 3.044 тестирања, при што се регистрирани 718 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:

• Скопје 505
• Битола 30
• Куманово 29
• Прилеп 26
• Кавадарци 23
• Гевгелија 14
• Велес 10
• Гостивар и Струмица по 8
• Тетово 7
• Штип, Кичево и Делчево по 6
• Неготино и Ресен по 5
• Струга, Богданци и Демир Хисар по 4
• Свети Николе и Радовиш по 3
• Охрид, Крива Паланка и Дебар по 2
• Кочани, Валандово, Пробиштип, Кратово, Крушево и Македонска Каменица по 1

Од вкупниот број на позитивни (718), регистрирани се 95 реинфекции. Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 14 починати лица: 3 починати лица од Скопје (68, 83 и 84 години), 2 починати од Охрид (80 и 84 години) и по едно починато лице од Битола (90 години), Делчево (80 години), Демир Капија (87 години), Кавадарци (70 години), Кратово (58 години), Крива Паланка (73 години), Неготино (79 години), Прилеп (69 години) и Радовиш (63 години). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, пријавени се осум починати лица, од Скопје (3) и по едно починато лице од Гостивар, Дебар, Кавадарци, Кичево и Тетово на возраст од 54 до 80 години. Пријавените се починати во период од 12.01.2022 до 22.01.2022 година. Од пријавените лица три се починати во домашни услови, а пет лица во болнички услови.

Од вкупниот број на починати лица (n=22), девет лица се целосно вакцинирани, а кај 18 се регистрирани коморбидитети.

Регистрирани сe 1.244 оздравени пациенти од:

• Скопје 612
• Битола 105
• Прилеп 104
• Куманово 47
• Тетово 34
• Кавадарци 33
• Велес 30
• Струмица и Штип по 28
• Валандово 26
• Гостивар 22
• Гевгелија, Кичево, Ресен, Радовиш и Кочани по 18
• Неготино 15
• Богданци 9
• Свети Николе 8
• Крушево и Берово по 7
• Кратово, Македонска Каменица, Македински Брод и Пехчево по 5
• Делчево, Демир Хисар и Пробиштип по 4
• Дебар и Виница по 2
• Струга, Охрид и Дојран по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.749.733 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 256.996, бројот на оздравени пациенти е 228.736, на починати е 8.240, а бројот на активни случаи изнесува 20.020. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука