ноември 7, 2019

Охрид, 7. ноември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на општина Охрид и ОО на Сојузот на борци, денес ќе се одбележат 75 години слободен Охрид.

Празнувањето ќе започне во 10:00 часот со полагање свежо цвеќе пред спомен-обележјата од НОБ кај Градските гробишта, Градскиот парк, Основниот суд, дворот на СОСУ „Св. Кирил и Методиј“, по што ќе следува Панихида и полагање свежо цвеќе пред спомен-обележјето на Јасна Ристеска во селото Рамне.

Во четврток се одбележат 75 години слободен Охрид

– 75 свежи ружи ќе се положат за 75 години слободен Охрид, по што ќе следи обраќањето на претставник од ОО на Сојуз на борци и историски час за значењето на 7-ми Ноември во Спомен паркот на револуцијата. Во 11:00 часот во концертната сала при ОМУ „Методи Патче“ ќе започне Свечената академија со обраќање на градоначалникот на општина Охрид, д-р Константин Георгиески и културно-уметничка програма. Во ЦК „Григор Прличев“, вечерта од 18:00 часот ќе започне Свеченaта приредба по повод Патрониот празник на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“, а од 18:30 часот во ОМУ „Методи Патче“ ќе се одржи Седмоноемвриски концерт на учениците од Музичкото училиште, информираат организаторите.

Носители на прославата се: Сојуз на борци, ЈП „Охридски комуналец“, Детска градинка „Јасна Ристеска“, МЗ Рамне, во соработка со Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделувања награди и признанија. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука