септември 20, 2022

Скопје, 20. септември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа, направени се 887 тестови, при што се регистрирани 75 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:

• Скопје 38
• Куманово 8
• Велес 6
• Кавадарци 4
• Охрид, Кичево и Гевгелија по 3
• Битола, Прилеп и Штип по 2
• Неготино, Радовиш, Крива Паланка и Берово по 1

Од вкупниот број на позитивни (75), регистрирани се 21 реинфекција.

Регистрирани сe 99 оздравени пациенти од:

• Скопје 54
• Кавадарци и Прилеп по 7
• Куманово 6
• Охрид 5
• Велес и Тетово по 3
• Штип, Гостивар, Кочани и Кратово по 2
• Гевгелија, Битола, Неготино, Крива Паланка, Берово и Богданци по 1

Во текот на изминатите 24 часа, не се регистрирани починати лица. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, не се регистрирани починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 2.163.701 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 342.323, бројот на оздравени пациенти е 332.150, на починати е 9.524, а бројот на активни случаи изнесува 649. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука