Охрид, 2. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – На први октомври 2019 година, околу 19:00 часот, 78-годишната Д.В. од селото Мешеишта, во Полициската станица во Охрид пријавила дека во патничко комбе кое сообраќало на релацијата Охрид-Мешеишта, била физички нападната од страна на 31-годишната А.В. од селото Горенци, општина Дебрца.
– Оштетената, со возило на Итна медицинска помош била пренесена во болницата „Св. Еразмо“ каде биле констатирани тешки телесни повреди. А.В. е приведена во Полициска станица и против неа ќе биде поднесена кривична пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива
Прочитано: 39