Скопје, 6. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 894 тестирања, а регистрирани се 78 нови случаи на COVID-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:
– Скопје 26
– Куманово 4
– Дебар 1
– Штип 17
– Тетово 9
– Струга 3
– Битола 1
– Охрид 1
– Гостивар 5
– Крива Паланка 1
– Кочани 1
– Пробиштип 3
– Виница 1
– Свети Николе 5
Починати се 5 лица, тројца пациенти од Скопје, еден од Куманово и еден пациент од Струга.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 172 оздравени лица од:
– Скопје 72
– Куманово 53
– Штип 20
– Прилеп 4
– Тетово 10
– Велес 1
– Гостивар 5
– Пробиштип 2
– Ресен 4
– Неготино 1
Досега во земјата се направени вкупно 68.059 тестирања на COVID-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на COVID-19 дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7.124, бројката на оздравени пациенти е 3.199, на починати е 346, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.579. (Крај)
извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство