ноември 10, 2017

Охрид, 10. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Охрид беше домаќин на Конференцијата за размена на искуства и саем за вработување, како дел од проектот за прекугранично претприемнишво СЦБЕ/ТВЦ, финансирани од програмата  на ИПА за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Грција.

Пред  присутните во  своето обраќање градоначалникот  Јован Стојаноски објасни кое е  значењето  на прекуграничната соработка  меѓу двете  соседни земји.

Jovan Stojanoski_Saem_za_vrabotuvanje

– Очекуваните резултати од проектот се најмалку 2.000 посетители на веб страницата годишно, најмалку 8.000 лица да бидат информирани за реализација на проектот,2.000 претприемачи да ја користат платформата за бенчмаркинг и 100 претпријатија да ги зголемат нивните претприемачки капацитети.Тоа е голем бенефит за сите учесници во проектот но и за општествените заедници во меѓуграничната зона. Општина Охрид има прецизно утврдени цели за забрзан економски развој, во кој  влегуваат и ваквите проекти. Во Локалната самоуправа во тек, покрај овој се и други проекти. Паралено, се одвиваат и обуки на дел од администрацијата за подготовка на апликации за добивање средства од разни фондови и нивна имплементација, рече Стојаноски.

Saem_za_vrabotuvanje1

Тој посочи дека новата локална самоуправа е програмски  определена  за изработка на Стратегијата за развој на град Охрид до 2023 година.

– Стратегијата треба прецизно да го дефинира патот за негов долгорочен одржлив развој и правилно позиционирање на нашиот град во мапата на европски и светски културни центри и градови на езера.Основна цел е унапредување на квалитетот на животот на граѓаните и подобрување на економските услови преку континуирани стопански вложувања, афирмација на јавниот простор, користење на паметни технологии, употре­ба на обновливи извори на енергија и рационално искористување на просторот и ресурсите, додаде градоначалникот.

На конференцијата учествуваа 87 лица, а на саемот што исто така се одржува денес  свои поставки ќе имаат 11 фирми  од Охрид. (Крај)

извор/фото: Општина Охрид

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука