ноември 30, 2017

Скопје, 30. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Членовите на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања го одобри барањето на Кривичниот суд за притвор на шестмина пратеници осомничени за терористичко загрозување на уставниот поредок на 27-ми април, меѓу кои се и охриѓаните Сашо Василевски и Љубен Арнаудов, вевчанецот Крсто Муковски, заедно со Јохан Тарчуловски, Жаклина Пешевска и Љупчо Димовски.

Комисијата ја донесе оваа одлука едногласно, со гласањето на 5 членови, додека останатите членови на комисијата од редовите на ВМРО-ДПМНЕ не присуствуваа на седницата.

Комисијата има рок од два дена да го достави извештајот до претседателот на Собранието, а законодавниот дом најдоцна во рок од три дена од добивањето на барањето за притвор на пратеникот одлучува по истото на пленарна седница. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука